Дома Фудбал Раул откри непозната анегдота од финалето во ЛШ од 2002: Дадов гол со „мртов“ прст (ВИДЕО)

Раул откри непозната анегдота од финалето во ЛШ од 2002: Дадов гол со „мртов“ прст (ВИДЕО)

Деветтата титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите во 2002 година секогаш ќе се памети по неверојатниот гол на Зинедин Зидан, меѓутоа не треба да се заборави дека во тоа финале гол постигна и Раул Гонзалес.

Раул откри интересна анегдота поврзана за неговиот прст во тој натпревар. Шпанецот беше под знак прашалник за натпреварот, меѓутоа неговата желба да игра била голема и на крајот се најде на теренот и погоди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ден пред финалето Иван Кампо ме нагази и не можев ниту да ја облечам копачката. Дојде докторот и му кажав направи се што треба само да играм. На еден час пред натпреварот докторот ми даде инјекција која ми го „умртви“ прстот. Затоа и кога го постигнав голот ја шутнав топката толку лошо. Дадов гол со „мртов“ прст, тоа е навистина добра анегдота за тоа финале“, изјави легендарниот напаѓач на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…