Дома Македонски спорт Раул: Имавме проблем во одбраната, но Борко беше перфектен

Раул: Имавме проблем во одбраната, но Борко беше перфектен

Селекторот на Македонија Раул Гонзалез задоволен е од прикажаното на македонските ракометари против Јапонија.

Нашата репрезентација одигра одличен прв натпревар и ја победи Јапонија со девет голови разлика 29:38.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Им честитам на сите, одигравме одлично. На секој голем турнир, првиот натпревар тежок. Јапонија е незгоден противник и тоа го знаевме. Имавме проблеми со играта во одбрана, но потоа Борко беше перфекетен, посебно во првото полувреме. Среќни сме за победата, но сега мораме да мислиме на следниот противник“, изјави селектор Раул.

Вториот натпревар Македонија го игра во недела од 14:00 часот против Бахреин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…