Дома Фудбал Останато ПСЖ немаше милост кон Динамо, Мбапе одново покажа класа (ВИДЕО)

ПСЖ немаше милост кон Динамо, Мбапе одново покажа класа (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен со убедлива победа од 6:1 ги започна припремите против Динамо Дрезден.

Парижаните поведоа уште во 6-тата минута кога германскиот тим направи голема грешка и му ја подари топката на Килијан Мбапе кој со мајсторски лоб удар матираше голманот на овој тим.

Во 18-тата минута веќе беше 2:0 откако Дракслер после асистенција од Мбапе постигна гол.

ПСЖ набрзо стигна и до трет гол, а тоа се случи во 34-тата минута кога играчите на францускиот клуб на брзина изведоа слободен удар, а Мбапе постигна гол низ нозете на голманот на Динамо.

Веќе на самиот почеток во второто полувреме во 47-та минута Артур Загр одлично ја помина одбраната на германскиот тим и ја испрати топката во мрежата за 4:0.
Петтиот гол беше постигнат во 60-тата минута од Виргили Посолачи одлично реагираше после едно нафрлување.

Десет минути подоцна беше 6:0, а стрелец после една убава акција беше Адил Аучиче. Динамо во 76-тата минута успеа да постигне почесен гол.

https://www.youtube.com/watch?v=SeN9cUWxFzk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…