Дома Трансфер зона ПСЖ и Манчестер Јунајтед ја почнаа битката за Левандовси

ПСЖ и Манчестер Јунајтед ја почнаа битката за Левандовси

Манчестер Јунајтед и ПСЖ сериозно ја разгледуваат можноста на лето да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


33-годишниот напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, но се уште нема најава за продолжување на соработката.

Неговиот агент, Пини Захави изјави дека никој од Баерн не го контактирал за нов договор и не ја исклучува можноста Левандовски да ја промени средината на лето.

Најсилен интерес за полскиот голгетер покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои сакаат да ја искористат ситуацијата и да го донесат во своите редови.

„Билд“ пренесува дека Јунајтед веќе испратил богата понуда до Левандовски до 2025 година, но во следните денови Захави ќе има средба со раководството на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…