Дома Фудбал Германија Пред три години први во Бундеслигата, сега испаднаа од трета лига!

Пред три години први во Бундеслигата, сега испаднаа од трета лига!

Поранешниот Бундеслигаш пред нешто повеќе од две недели испадна од третата германска лига, а само до пред три сезони се натпреваруваа во Бундеслигата. Што им се случи?

Се сеќавате ли на почетокот на Бундеслигата во 2014 година?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Го победија Хамбург на гости со 3:0, одиграа 2:2 со Мајнц, 0:0 Со Келн, а потоа го победија и Хановер со 2:0, тогаш беа лидери во Бундеслигата.

Сепак, следеше серијза порази, Падерборн испадна како последнопласиран тим.

Во сезоната 2015/2016 се натпреваруваа во Цвајт, беа очајни, завршија убедливо на послдното место и на крајот се преселија во третото по ранг натпреварување каде што настапуваа изминатата сезона.

Сега им се заканува играње аматерски фудбал, а до пред само три години беа први во Бундеслигата…

Сепак, не е загубено. Единствен спас им е Минхен 1860, екипата која испадна во третата лига, но нема пари да плати компезација за учество, сопственикот не е многу заинтересиран, па Падерборн би можел на нивно место да остане во третата гермнска лига.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…