Дома Трансфер зона Првата изјава на Буфон како голман на ПСЖ – откри зошто е во Париз

Првата изјава на Буфон како голман на ПСЖ – откри зошто е во Париз

buffon

Џанлуиџи Буфон денес и официјално беше претставен како нов голман на Пари Сен Жермен.

Легендарниот голман на 40 години се одлучи да ја напушти родната земја и Јувентус во кој помина најголем дел од својата кариера цели 17 години, а кариерата ја започна во Парма.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


После доаѓањето во Париз легендарниот голман истакна дека му претставува голема чест што е тука.

„Ми претставува голема чест што сум член на ПСЖ. За прв пат ја напуштив родната земја, а дојдов бидејќи ме привлече проектот кој ми беше претставен. Со себе носам големо искуство и енергија, но жед за победа. Сакам да му помогнам да клубот да стигне до посакуваните резултати. Сите ние го претставуваме прекрасниот град Париз и овој град заслужува да има клуб во врвот на светскиот фудбал“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…