Дома Фудбал Останато ПОТВРДЕНО: Килијан Мбапе имал понуда од Реал Мадрид откри и зошто ја одбил!

ПОТВРДЕНО: Килијан Мбапе имал понуда од Реал Мадрид откри и зошто ја одбил!

mbappe

Суперталентираниот Французин кој ова лето премина од Монако во ПСЖ, призна дека бил на чекор од трансфер во шпанската Примера.

Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе, за „Марка“ призна дека пред да го избере ПСЖ преговарал со шпанскиот гигант Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Навистина, преговарав со Реал Мадрид. Реал е голем клуб, но го одбив бидејќи ПСЖ e клуб од мојот роден град. Кога ќе се сретнеме во Лигата на шампионите сакаме на светот да му испратиме силна порка“, изјави Мбапе за „Марка“.

Додека, Мбапе беше фудбалер на Монако со месеци во јавноста беше поврзуван со Реал Мадрид, но сепак на крајот заврши во ПСЖ.

Младиот фудбалер кој од ден во ден соборува рекорди, преминa во редовите на „светците“ на позајмица од една година, а клубот од Париз наредното лето ќе мора да плати 180 милиони евра. На тој начин Мбапе стана вториот најскап фудбалер на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФК Шкупи: Некој има нешто против нас – ова не е случајно!

Во рамките од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи беше поразен со 2:0 од Г…