Дома Фудбал Репрезентации После неуспехот Видал преку Твитер се откажа од Чиле!

После неуспехот Видал преку Твитер се откажа од Чиле!

Ѕвездата на Баерн Минхен, Артуро Видал го објави крајот на својата репрезентативна кариера, откако Чиле не успеа да се квалификува за Светското првенство во Русија.

30-годишниот играч за врска својата одлука ја соопшти преку социјалната мрежа Твитер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Многу благодарам на сите за сè. Во овие години го давав живот во секој натпревар. Научив многу, научив дека една земја која не е толку силна, со труд може да постигне успех. Душата ми е уништена, но во исто време сум горд на овие играчи и стручниот штаб“, напиша Видал.

Видал одигра 95 натпревари за националниот тим на Чиле и постигна 23 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Земјотрес“ во Арсенал: Артета „отпиша“ човек кој со години беше недопирлив во екипата

Фудбалерите на Арсенал синоќа остварија минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Евертон…