
Во ФИФА се разгледува можностa во иднина фудбалерите да бидат казнувани за обраќање кон противниците со покриена уста, како што беше случајот со Џанлука Престијани наспроти Винисиус Жуниор за време на натпреварот Бенфика – Реал Мадрид од шампионската лига во вторникот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова го потврди поранешниот француски репрезентативец Микаел Силвестер, кој во моментов е еден од 16-те членови на Панелот на гласот на играчите кај светската централа. Според него, во разговорот меѓу Аргентинецот и Бразилецот имало очигледна омраза.
„Групата на WhatsApp на нашиот Панел е многу активна, додека бараме начини да санкционираме играчи кои зборуваат со покриена уста,“ изјави Силвестер за „Скај Спортс“. „Едно е кога зборуваш за тактика со соиграчи или водиш непринуден разговор, но друго е кога постои омраза меѓу играчите, особено кога е од еден кон друг, и можеби треба да казнуваме такво однесување. Без разлика дали ги ставаш рацете пред устата или ја покриваш со дрес, како што направи тој (Престијани).“
Тој сепак истакна дека можноста за санкционирање на овој вид однесување би одземала време: „Треба исто така да видиме со судиите што можат или не можат да направат на теренот.“