Дома Фудбал Диас: Да отидам во Баерн беше правилната одлука, горд сум да играм со Кејн и Олисе

Диас: Да отидам во Баерн беше правилната одлука, горд сум да играм со Кејн и Олисе

Колумбискиот репрезентативец Луис Диас призна дека бил импресиониран од квалитетите на неговите соиграчи во Баерн (Минхен), меѓу кои се англискиот напаѓач Хари Кејн и францускиот репрезентативец Мајкл Олисе.

29-годишниот фудбалер покажа добри изведби по неговиот трансфер, постигнувајќи 16 голови и направи 11 асистенции за тимот кој го води главниот тренер Венсан Компани.

Клучот за беспрекорната дебитантска сезона на Диас е неговото партнерство со Кејн. Колумбиецот асистираше 10 пати кон Англичанецот досега, а тој реализира вкупно 41 гол во 35 натпревари во сите турнири.

„Многу сум горд да играм во тим со Хари и Мајкл Олисе. И двајцата се навистина импресивни технички,“ изјави Колумбиецот за телевизијата Sky Sport.

Крилото зборуваше повеќе и за трансферот од Ливерпул во Баерн: „Кога Баерн контактираше со мене, од првиот момент знаев дека сакам да ја направам оваа чекор. Бев исполнет со гордост, бидејќи клубот го познавав долго време и знаев што да очекувам таму. Беше добра одлука – одлука за неверојатен и фантастичен тим. А кога стигнеш на ново место, нормално е да сакаш да дадеш најдобро од себе и да се чувствуваш удобно таму каде што си. Да бидеш среќен е најважното за еден играч и неговото семејство. Тоа беше апсолутно правилната одлука да дојдам овде.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …