Дома Фудбал Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем понудија 70 милиони за Пулишиќ, веднаш следеше одговор од Милан!

Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем понудија 70 милиони за Пулишиќ, веднаш следеше одговор од Милан!

Кристијан Пулишиќ оваа сезона игра одлично за Милан.

Росонерите сè уште се во трка за Скудето, а како што пренесуваат британските медиуми, три екипи од Премиер лигата, Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем, се подготвени да издвојат 70 милиони евра за американскиот репрезентативец.

Сепак, раководството на клубот од Сан Сиро категорично ја одби оваа понуда, бидејќи сметаат дека Пулишиќ е незаменлив дел од тимот на Масимилијано Алегри.

Пулишиќ оваа сезона на 21 натпревар за Милан постигна 10 голови и забележа две асистенции.

Дресот на „росонерите“ го носи од летото 2023 година. Претходно играше за Челзи и Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …