Дома Фудбал Алонсо има само една желба – одбил уште еден гигант!

Алонсо има само една желба – одбил уште еден гигант!

Чаби Алонсо сè уште очекува вистинска понуда, а изгледа дека таа не доаѓа од – Олимпик Марсје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според бројни француски извори, Олимпик Марсје неодамна се обидел да го ангажира Шпанецот, откако Роберто Де Зерби беше отпуштен, но Алонсо ја отфрлил понудата.

Претходно тој беше поврзуван и со Тотенхем, но и покрај тоа одби да се пресели во Лондон.

Се шпекулира дека Алонсо го чека развојот на настаните со Арне Слот во Ливерпул, кој го контактирал уште кога Јирген Клоп реши да си замине од „Енфилд“.

Алонсо оствари историски успех со Баер Леверкузен, освојувајќи ја двојната круна и стигнувајќи до финалето на Лигата на Европа, но не забележа значителен успех на клупата на Реал Мадрид.

Во својот поранешен клуб остана само шест месеци, бидејќи доби отказ среде јануари по поразот од Барселона во Суперкупот на Шпанија.

Наводно, Алонсо е на листата на Манчестер Сити, но не е приоритет, бидејќи првата опција за „граѓаните“ ако Пеп Гвардиола се одлучи да замине е Енцо Мареска.

Алонсо нема потреба да брза или да се грижи за својата иднина, туку да почека разврската во клубовите до крајот на сезоната. Јасно е дека во овој момент нема потреба да се упатува во тензичната средина како што е Марсје, каде што би му било најтешко да се бори за трофеи и да ја има контролата што ја посакува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…