Дома Фудбал Напаѓачот за кој Њукасл плати 75 милиони евра разочара – сега сака да го оствари својот сон!

Напаѓачот за кој Њукасл плати 75 милиони евра разочара – сега сака да го оствари својот сон!

Напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде, веќе неколку месеци е незадоволен откако пристигна на „Сент Џејмс Парк“ ова лето.

Оваа информација е потврдена од сигурни извори во германските и англиските медиуми, кои тврдат дека Волтемаде најверојатно би се вратил во својата татковина.

Баерн Минхен е неговата прва опција, клуб кој го сакаше и летово, но се повлече поради големата отштета која ја бараше Штутгарт. Втората опција е токму Штутгарт, каде што Волтемаде блесна и стана репрезентативец.

Волтемаде пристигна во Њукасл на крајот од летниот трансфер прозорец како замена за Александар Исак, а досега има реализирано 10 голови и четири асистенции во сите натпреварувања.

Њукасл летово плати фиксна сума од 75.000.000 евра, со дополнителни бонуси со кои сумата може да достигне дури 90.000.000 евра.

Интересно е дека Баерн не понуди повеќе од 50.000.000 евра и не беше подготвен да ја зголеми понудата.

Со оглед дека Николас Џексон не ги оправда очекувањата и се враќа во Челси, дали Бјерн сега ќе мора да издвои значителни средства за Волтемаде како идеална конкуренција за Хари Кејн?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бастони: Италија покажа дека може против најдобрите

Алесандро Бастони воодушеви со два гола за Италија во Лигата на нации, вклучувајќи го и из…