Дома Останати Хрватска тинејџерка преживеа драма во Италија: Се онесвестила на допинг контрола!

Хрватска тинејџерка преживеа драма во Италија: Се онесвестила на допинг контрола!

За младата хрватска скијачка Пија Вучиниќ, која има само 16 години, вчерашниот ден на Олимписките игри во Италија беше исклучително тежок.

Вучиниќ не успеа да ја заврши првата трка во слалом во Кортина д’Ампецо, бидејќи направи грешка и падна на патеката, а од хрватскиот тим соопштија причините за нејзината слаба изведба.

Според директорот на хрватската репрезентација Ведран Павлек, Вучиниќ влезе во трката по еден многу стресен ден, во кој дури колабирала.

„Вчера на Пија ѝ направија допинг контрола, ја тестираа со земање крв, а потоа колабираше. Поради тоа го пропушти и последниот тренинг пред трката“, изјави Павлек.

Во оваа слаломска дисциплина, златниот медал го освои легендарната Американка Микаела Шифрин, среброто и припадна на Камил Раст, додека бронзената награда ја освои Ана Свен Ларсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Партизан не испушта бодови: Нови 3-0 за врвот во Србија

Одбојкарите на Партизан го совладаа Караѓорѓе и со максимални девет бода по три кола се пр…