Дома Трансфер зона Понудата на Баерн била разочарувачка за Левандовски

Понудата на Баерн била разочарувачка за Левандовски

Роберт Левандовски има важечки договор со Баерн Минхен до летото следната година, но веќе подолго време се пишува дека во летото кое следи би можел да ја промени средината. Најмногу се поврзуваше со Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Минхен се обидуваат да го обезбедат неговиот потпис со што би го обезбедиле за подол период, но понудата која му ја понудиле наводно не го воодушевила полскиот голгетер.

Стрелецот на 49 голови во 45 натпревари за Баерн и вкупно 343 голови за тој клуб добил понуда за продолжување на уште една дополнителна година, но не и зголемување на примањата, пренесува „Спорт“. И времето на договорот и финансиската понуда наводно не биле задоволувачки за Левандовски.

„Во овој момент Левандовски верува дека е дојдено време за заминвуање од Бундеслигата и спремен е да се впушти во поинаква авантура. Тука е јасно дека Барселона сака да стапи на сцена“, додава германскиот „Спорт“.

Левандовски смета дека пред себе има барем уште три години фудбал на највисоко ниво, па затоа и подобри финансиски услови и подолг договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…