Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (33) соопштил на директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан дека нема да потпише нов договор со клубот и кариерата сака да ја продолжи во Барселона, пренесуваат полските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Левандовски наводно веќе има постигнат дсоговор со Барселона. Каталонците за разлика од Баерн му нудат повеќегодишен договор и според информациите тоа е главната причина поради која што се одлучил да потопише за нив.




„Лева постигна договор откако одржал онлајн состанок со раководството на Барселона. Одлуката на Баерн е веќе соопштена, со Барселона е се договорено“, тврдат полските медиуми.




Со оглед на тоа дека договорот на Левандовски со Баерн има уште една година, Каталонците ќе мораат да платат, а оштета. Проценката е дека трансферот може да изнесува околу 60 милиони евра.




Во Баерн Минхен Левандовски пристигна во 2014 година и со овој клуб освои апсолутно се, ги сруши сите рекорди и ќе остане запаметен како легенда на клубот. Полскиот голгетер одигра 369 натпревари и постигна 340 голови за најголемиот германски клуб.
🔴 🅽🅴🆆🆂 🔴 𝐏𝐈𝐋𝐍𝐄 🔴 🅽🅴🆆🆂 🔴
— TVP SPORT (@sport_tvppl) April 11, 2022
𝐓𝐨 𝐬𝐢𝐞̨ 𝐧𝐚𝐩𝐫𝐚𝐰𝐝𝐞̨ 𝐝𝐳𝐢𝐞𝐣𝐞❗ 😮 #tvpsport https://t.co/IHjE4OFQ1M