Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му беше намалена од четири години на 18 месеци и ќе може да се врати на терените од март 2025 година.
Погба се уште е фудбалер на „старата дама“, меѓутоа Јувентус веќе не смета на неговите услуги, тврдат италијанските медиуми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според последните информации од Италија следна дестинација на Погба може да биде МЛС лигата.
Но, исто така постојат и информации дека Патрис Евра кој е добар пријател со Погба го советувал да потпише за Олимпик Марсеј.