Жерар Пике заработи тешка повреда на натпреварот против Атлетико Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во тој натпревар Барселона е поразена со 1:0, а Пике со солзи во очите го напушти теренот и ќе биде надвор од теренот неколку месеци, што значи дека Барселона во јануари мора да купува дефанзивец.
Ерик Гарсија од Манчестер Сити останува една од главните желби на Куман, иако не е исклучено уште некој стопер да се појави како можно засилување на Каталонците.
Она што сега е извесно, со оглед на кризата, сите расположливи средства Барселона мора да ги насочи во ангажирање на дефанзивен играч.
Тоа дефинитивно значи дека Барса се откажува од Депај, кој Куман сакаше да го донесе летоска.