Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски успешно го стартуваше турнирот во Монстаир, Тунис каде што забележа победа од 2:0 против Лукас Палович од Словачка.
Ивановски првиот сет го доби со 6:4. Одлучувачкиот момент во овој сет се случи во 10-тиот гем кога Калин го одзема сервисот на противникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот сет донесе многу подобра игра на нашиот тенисер и сосема заслужено дојде до победата. Павлович во овој сет освои само два гема.
Противник на Ивановски во следното коло на турнирот ќе биде 688. тенисер на АТП листата, Мароканецот Адам Мундир.