
Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличната форма и бележи значителен напредок на АТП ранг-листата, награден за настапите во последните неколку недели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според најновото рангирање објавено денеска, Ивановски се искачи за дури 60 позиции, најмногу благодарение на успехот во Сан Марино, каде што успешно ги мина квалификациите и обезбеди пласман во првото коло на главниот турнир.
За постигнатиот резултат освои дополнителни пет поени, со што неговиот вкупен број на АТП бодови сега изнесува 29, а тоа му овозможи скок до 793. место на светската ранг-листа.
Фото:Instagram/kalin_ivanovskii