Дома Трансфер зона Плановите на Клоп: Две имиња од Барселона се голема желба на Германецот

Плановите на Клоп: Две имиња од Барселона се голема желба на Германецот

Jирген Клоп од јануари ќе се врати на фудбалот и тоа како „шеф на фудбалските операции“ во Ред Бул, а медиумите веќе пишуваат за плановите на германскиот стратег.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходно се пишуваше дека за Лајпциг кој е најголемиот проект на компанијата би можел да се обиде да го доведе Арда Ѓулер кој е фудбалер со голем потенцијал, но не добива минјутажа каква што посакува во Реал Мадрид.

Сега се пишува и дека Клоп пикирал две имиња од школата на Барселона. Станува збор за Алеш Гаридо и Ноа Дарвих.

Новинарот Себастијан Видал пренесува дека во својот бележник Клоп има и други фудбалери, меѓутоа се издвојуваат споменатите двајца. Алеш Гаридо е фудбалер кој има 20 години, додека Дарвих е две години помлад.

Овие двајца веројатно би биле опција за Лајпциг или Салзбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…