Дома Трансфер зона Пирло ја „краде“ големата желба на Конте

Пирло ја „краде“ големата желба на Конте

Јувентус веќе работи на јануарските засилувања, а примарна цел ќе биде засилување на левата бековска позиција.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ веќе почнала да работи на трансферот на Емерсон Палмери од Челзи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Палмери долго време е на радарот на Антонио Конте, но „нероаѕурите“ не се спремни да ги платат бараните 20 милиони евра, па таквата ситуација ќе ја искористи Јувентус.

Италијанскиот репрезентативец не добива голема минутажа кај Лампард и сака да се врати во Серија А, а Пирло верува дека идеално ќе се вклопи во неговата формација.

Алекс Сандро оваа сезона често е повреден, па Пирло на таа позиција беше приморан да го игра младиот Фработа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…