Во денот кога беше потврдена продажбата на Кристиан Ериксен, Тотенхем потврди уште еден трансфер.
Клубот го искористи правото да го откупи Џовани ло Селсо, кој до сега беше во тимот под наем од Бетис. Според информациите „спарси“ ќе му платат на шпанскиот клуб 32 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Тотенхем плати 16 милиони евра за да го донесе Аргентинецот на позајмица.
Во договорот има клаузула според која Тотенхем ќе треба да му исплати на Бетис разни бонуси. Доколку се пласира во Лигата на шампиони оваа сезона „спарси“ ќе треба да платат додатни 8 милиони евра.
We are delighted to announce that we have exercised the option to convert the loan of @LoCelsoGiovani from Real Betis to a permanent transfer.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 28, 2020
✍️ Gio has signed a contract with the Club until 2025. #THFC ⚪️ #COYS