Дома Трансфер зона Гундоган одолговлекува, Аргентинец е новата мета на Барса

Гундоган одолговлекува, Аргентинец е новата мета на Барса

Барселона и понатаму не е излегла целосно од финансиската криза и поради тоа не може да доведеува скапоцени засилувања.

Меси не сакаше да чека, па се пресели во Интер Мајами, а на мета на Барселона веќе подолго време е Илкај Гундоган кој одолговлекува со одлуката. Ниту Гундоган не е сигурен дали Барса ќе може да го регистрира и сака гаранција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави е голем фан на игратан а Гундоган и го гледа како стандарден првотимец кој може да помогне на младите играчи. Сепак, се појави и план „Б“, а тоа е Џовани Ло Селсо. Аргентинецот и понатаму е играч на Тотенхем, но минатата сезона ја помина на позајмица во Виљареал каде што остави добар впечаток.

Тој се врати во репрезентацијата на Аргентина и се опорави откако го пропушти Мундијалот во Катар и полека се враќа во препознатливата форма. Исто така не е скап, има 27 години и Тотенхем веројатно е спремен да ги сослуша понудите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…