Реал Мадрид денес и официјално потврди дека ја продолжи соработката со Лука Модриќ до 2023 година,
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Модриќ денес стави потпис на новиот договор во присуство на претседателот Флорентино Перез и уште една година ќе го носи „кралскиот“ дрес.
Модриќ веќе 10 сезони го носи дресот на Реал Мадрид и се етаблираше во еден од најважните и најтрофејни играчи во историјата на „кралскиот“ клуб.
Со оглед дека на истекот на договорот ќе има 37 години, најверојатно Хрватот ќе ја заврши кариерата на „Сантиаги Бернабеу“.
Luka Modrić 2023 ✅🇭🇷 pic.twitter.com/7coPSBSA2u
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 8, 2022