Килијан Мбапе стана член на ПСЖ летото 2017 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ПСЖ го доведе за сума од 180 милиони евра со дополнителни бонуси, а 19 годишникот во овој тим заработува 17.5 милиони евра годишно.
Но, сега „Фудбал Ликс“ , открива дека фудбалерот поставил интересни услови пред „светците“ кои овој клуб ги прифатил.
Побарал 55 милиони евра нето за пет години, а покрај парите во договорот стоел услов за користење на приватен авион во било кое време, како и гаранција дека ќе биде најплатен играч на клубот ако ја освои „Златната топка“.
Со оглед на тоа дека иако има само 19 години ПСЖ веројатно ќе треба да издвои уште неколку милиони за сметката на Французинот, но очигледно тие ги прифатиле сите услови за да го доведат.
Мбапе блеска во дресот на ПСЖ. Веќе сега е еден од најдобрите фудбалери во светот и ваквите услови сигурно не ги поставил без причина.