Бразилецот Оскар кој неодамна се пресели во Шангај, верува дека кинеската фудбалска лига се развива многу брзо и наското ќе го достигне нивото на најсилните европски лиги.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ако продолжат вака можат да достигнат високо ниво бидејќи имаат многу добри проекти. Нормално, Премиер лигата е на повисоко ниво бидејќи има многу квалитетни играчи, но Кинезите можат да го достигнат тоа ниво. Новите играчи помагаат да се зголеми квалитетот, поради тоа сум и јас овде“, истакна Оскар.
Оскар е само еден од низата фудбалери кои ја засилија кинеската Суперлига, после својот сонародник Хулк, Тевез, Аксел Витсел, Рамиреш, Алекс Тешеира, Лавеци…
„Овој трансфер беше добар за мене, добар за Челзи и добар за Шангај, па затоа сум среќен што сум во кинеската Суперлига. Кинезите трошат многу пари на играчи со цел оваа лига да стане многу поквалитетна. Ми испратија понуда и јас ја прифатив“, заклучи Бразилецот.