Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ не е прв фаворит за злато на Олимписките игри: Еве што велат обложувалниците

Новак Ѓоковиќ не е прв фаворит за злато на Олимписките игри: Еве што велат обложувалниците

Се ближат Олимписките игри во Париз, а сега станува се појасно кој ќе има помали или поголеми очекувања во различни спортови, како и кои се фаворити за освојување на тенискиот турнир.

Новак Ѓоковиќ моментално не е фаворит за победа, а не е ниту сам на второто место.

Според обложувалниците апсолутен фаворит е Карлос Алкараз и во случај тој да го освои турнирот, коефициентот е 2,8.

Новак го дели второто место со Јаник Синер, а квотата за успех на Олимписките игри е само 4.

Меѓу фаворитите се Александар Зверев, Рафаел Надал, Каспер Руд, Стефанос Циципас и Холгер Руне, но веројатноста за нивен успех е многу помала.

Олимписките игри почнуваат на 26 јули, а тоа е единствениот турнир што го нема освоено Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…