Дома Фудбал Англија Ниту Кејн, ниту Ламела, а не е ниту Ериксен…Покетино играчот за врска го спореди со Марадона и Роналдињо!?

Ниту Кејн, ниту Ламела, а не е ниту Ериксен…Покетино играчот за врска го спореди со Марадона и Роналдињо!?

Доколку помисливте дека се работи за Хари Кејн, Ерик Ламела или пак Кристијан Ериксен, се излажавте…

Во текот на интервјуто за „ЕСПН“, менаџерот на Тотенхем ги истакна настапите на Муса Дембеле, но со сета почит кон квалитетите на овој фудбалер изгледа дека малку претера.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Тој е гениј. Таквите играчи се реткост. Без никакво размислување можам да го ставам во рангот на Роналдињо, Марадона или Окоча“, зборуваше Покетино.

Потоа Аргентинецот продолжи со фалењето на својот играч.

„Не претерувам навистина. Имам таква чест да работам со неверојатен генијалец, воодушевен сум од неговите квалитети. Ако мене ме прашувате, Муса е најталентираниот играч во историјата на фудбалот“, заврши Покетино.

Покетино е голем тренер, работи одлично од Тотенхем, но тешко дека некој сериозно ќе ја сфати оваа негова изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tухел на Мундијалот ќе оди без најголемата англиска ѕвезда?

Фудбалската репрезентација на Англија би можела да замине на Светското првенство без најго…