Дома Фудбал Останато Никој не победувал така: Кога славиш на 29 натпревари и ќе постигнеш 104 гола – титулата мора да е твоја!

Никој не победувал така: Кога славиш на 29 натпревари и ќе постигнеш 104 гола – титулата мора да е твоја!

Ако некој „за сите пари“ ја заслужил шампионската титула во европскиот фудбал – тоа оваа година е Монако. кипата на Леонард Жардим синоќа славеше на домашен терен совладувајќи го Сент Етјен со 2:0, со што и формално ја обезбеди осмата шампионска титула во својата историја.

На „Кнезовите“ им беше доволен само бод, но тие ги сакаа сите три од овој дуел, за на најубав можен начин да се простат од публиката на стадионот Луј II. А тоа беше уште една рутинска фудбалска претстава за најталентираниот тим во Европа, кој на најубав начин ја отвори најталентираниот играч на Стариот континент – Килијан Мбапе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Француското чудо од дете после асистенцијата на Фалкао, во свој стил незапирливо сруши сè пред себе и ја смести топката во празната мрежа.

Монако го „давеше“ противникот до последните мигови од натпреварот, а тогаш во стрелците се запиша и упорниот резервист Валер Жермен, кој во третата минута од продолжението ја круниса со погодок една од многуте контри на својот тим.

Тој погодок закажа и големо славје на стадионот, кое веројатно во текот на ноќта се префрли и на улиците од кнежевството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …