Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски влезе во историјата на Сараево со новата шампионска титула во првенството.
Во Босна вчера и официјално се прекина шампионатот, а Сараево беше прогласен за шампион. Со таа титула Велкоски стана првиот играч во историјата на клубот со три освоени титули.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дел од Сараево Велкоски стана во 2014 година и од тогаш овој клуб започна еден добар период. Велкоски по првата шампионска титула во 2016 си замина од клубот меѓутоа брзо се се врати и освои уште две титули и еден куп. Никој во историјата на клубот немал ефект како македонскиот фудбалер.
Треба да се спомене дека Сараево во својата историја има седум титули во првенството.