Дома Македонски спорт Несторовски потпишува договор на три години со Удинезе, познато и кој број ќе го носи!

Несторовски потпишува договор на три години со Удинезе, познато и кој број ќе го носи!

Илија Несторовски ќе го напушти Палермо и тоа стана јасно кога клубот од Сицилија беше исфрлен во Серија Д.

Несторовски дресот на Палермо го носеше три сезони, две играше во Серија Б и една во Серија А. Сега македонскиот напаѓач се враќа во најсилната конкуренција во Италија каде што ќе потпише договор со Удинезе.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Уште од пред неколку недели се најави дека Несторовски е пред потпис со Удинезе, а денес „Тутомеркато“ објави дека се е договорено и дека Нестор ќе стави потпис на договор кој ќе има важност три години со опција истиот да биде продолжен на уште една и ќе заработува еден милион евра по сезона.

Споменатиот медиум го открива и бројот кој ќе го носи Несторовски, а тоа истиот од Палермо 30. Во Удине Несторовски пристигнува како слободен фудбалер бидејќи договорите на сите играчи на Палермо се поништени после исфрлувањето во четвртата италијанска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…