Дома Фудбал Италија Несторовски: Знам дека сум четврти напаѓач, но секогаш давам се од себе!

Несторовски: Знам дека сум четврти напаѓач, но секогаш давам се од себе!

После скоро шест месец месеци Илија Несторовски вчера постигна гол за Удинезе во Серија А. Нестор беше стрелец во победата на Наполи од 3:2 и така убаво го најави неговото враќање во репрезентацијата после 20 месеци.

Селекторот Благоја Милевски го повика Несторовски за пријателските натпревари против Финска и Азарбејџан кои ќе се играат во Скопје, в четврток од 18:00 часот и недела од 20:00 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум што постиогнав гол, но не сум среќен поради резултатот. Работам напорно секој тренинг. Знам дека сум четврти напаѓач во клубот, но имам таков менталитет и секогаш давам се од себе. Работам напорно за да напредувам“, изјави Нестор.

Последниот гол во калчо-лигата пред вчерашниот Несторовски го постигна на 22. мај против Салернитана кон крајот на минатата сезона. Во вчерашниот натпревар одличен беше и Елиф Елмас кој исто така беше стрелец за Наполи, а додаде и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…