Дома Фудбал Останато Нереди пред финалето во Лигата на Европа

Нереди пред финалето во Лигата на Европа

Шпанската полиција приведе петмина германски навивачи поради нереди пред вечерашното финале во Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс.

Полицијата соопшти дека навивачите на Ајнтрахт се одведени во притвор поради пресметка со шкотските навивач и полицијата околу полноќ во центарот на Севиља. Тие фрлале цигли и столчиња од локалот и запалени бакљи кон навивачите на Ренџерс и полицијата. Засега не е познато дали има потешко повредени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повеќе од 5.000 полицајци и редари ќе бидат на должност за вечерашното финале затоа што се очекува голем број фанови и на двата клуба. Влезниците за финалето на „Санчез Писхуан“ се распродадени, а се игра во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…