Македонската женска фудбалска репрезентација без победа и со само едно реми и два порази го заврши контролниот турнир во Турција, меѓутоа повторно од нашата селекција се истакна Наташа Андонова.
Нашата најдобра фудбалерка беше прогласен за МВП на турнирот откако беше одлична на сите три средби кои ги одигравме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нашите фудбалерки стартуваа со пораз од Замбија од 0:1, во натпревар во кој голот го примивме во 90-тата минута, потоа за викендот бевме поразени од Бугарија со 1:2. Денес настапот фудбалерките го завршија со ремито против Естонија 1:1.