Женскиот фудбал во Македонија не е на некое сјајно ниво, тоа го покажуваат и резултатите, а нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова сега го крена гласот и побара да се реагира, во спротивно работите одат само на полошо…
Андонова која во овој момент го носи дресот на шпански Леванте, а во кариерата настапуваше и за други европски клубови меѓу кои и Барселона, па добро знае како треба да се работи испрати порака дека работите мораат да се променат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакам фудбал , обожавам фудбал! Ја сакам МАКЕДОНИЈА!!! Али едно ми е нејасно, и ме мачи! Како може во една златна и чудесна МАКЕДОНИЈА да нема институција која што ќе завземе став за подршка,земја во која што видовме толку многу успеси во кои што никој не веруваше и цел свет не потценуваше, во фудбал, во ракомет и кошарка, да се потруди и посака барем малку да придонесе и помогне во ЖЕНСКИОТ фудбал во оваа држава?! Во оваа женска репрезентација која што претставува држава во која што има преголем талент за кој што секојдневно се губи интерес, поради немање финансии,поради не средени стадиони,буквално тренирање на ливада… Условите за тренинг даваат резултати, а резултатот е очигледен… За жал ќе биде полошо, не идеме на подобро !!!!“, напиша Андонова на социјалните мрежи.