Фудбалерите на Наполи со победа на гости кај Парма ја отворија новата сезона во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нашиот репрезентативец Елиф Елмас натпреварот го започна од клупата за резерви и доби шанса десетина минути пред крајот на мечот.
Наполи подобро го отвори натпреварот, но во првото полувреме немаше голови. Поради ова Гатузо се одлучи ја направи првата измена во 61 минута кога на местото на Деме го внесе во игра новото засилување Осимен.
Само две минути подоцна Мертенс му донесе предност на Наполи, а во 77-та минута Инсиње ги постави конечните 0:2.