Манчестер Јунајтед е ставен на продажба и семејството Глејзер објави рок за доставување на понуда.
Засега најмногу се споменуваше Џим Ратклиф, најбогатиот човек во Британија кој јавно зборуваше дека е заинтересиран да го купи англискиот гигант. Сепак, „Дејли Мејл“ денес пишува дека во следните денови во Манчестер Јунајтед ќе пристигне понуда од Катар на која конкурентите нема да можат да парираат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не се откриваат многу детали, само се наведува дека Катарците се спремни да му обезбедат голем буџет на Тен Хаг.
„Станува збор за сериозни луѓе кои ќе направат се за Манчестер Јунајтед да се врати онаму каде што заслужува. Ќе доведат з асилувања за составот да се врати на врвот, веруваат дека Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во светот и сакаат да го вратат клубот онаму каде што припаѓа“, изјавил извор близок на клубот за „Дејли Мејл“.