Дома Фудбал Мурињо ги „скина“ колената славејќи го третиот гол, па на крајот од мечот беше извлечен од теренот со свирежи (ВИДЕО)

Мурињо ги „скина“ колената славејќи го третиот гол, па на крајот од мечот беше извлечен од теренот со свирежи (ВИДЕО)

На Жозе Мурињо понекогаш му е тешко да ги задржи емоциите, и позитивни и негативни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ги имаше и двете во натпреварот од Супер лигата во кој неговиот Фенербахче ја анулира негативата од 2:1 против Трабзонспор и победи со 2:3.

Португалскиот стручњак целосно „полуде“ по победничкиот гол на Софијан Амрабат во 112. минута. Тој истрча на теренот и се обиде да се лизне на колена, но не помина баш најдобро, и успеа само да ги „скине“ колената.

Набргу по голот дојде последниот свиреж на судијата, а Мурињо имаше што да им каже на некои противнички играчи. Набрзо тоа го забележаа и гледачите на стадионот, кои го исвиркаа славниот Португалец, и на крајот мораше да биде извлечен од теренот, додека триумфално ја славеше победата со стиснати тупаници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каземиро не можеше да ги сопре солзите по испаѓањето: Ги разочаравме сите Бразилци

Фудбалерите на Норвешка го совладаа Бразил со 2:1 и се пласираа во четвртфинале на Светско…