Екипата на Шалке во своите редови веројатно го има најголемиот „бисер“ во последните неколку години.
Секако, имаше Шалке одлични играчи кои знаат да одиграат со топка, но не паметиме кога Шалке имал фудбалер со потенцијал каков што има Леон Горецка. Или, барем во Гелзенкирхен на време сфатија каков фудбалер имаат во своите редови, бидејќи Иван Ракитиќ дури во Севиља прерасна во играч од светска класа, Хунтелар беше одличен, но Горецка е уште подобар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму поради огромниот потенцијал на Германецот се месеци се шпекулира за неговата иднина, а најголем интерес до овој момент покажаа Барселона и Баерн Минхен.
Шалке на нападите на европските гигант се обидува да одговори со нов договор за младиот фудбалер, иако клубот е приморан да го намали буџетот од 80 милиони евра на 50, по сезона. Поради тоа клубот го напуштија фудбалерите со големи примања како Клас Јан Хунтелар и Сидни Сема.
Горецка пред себе има понуда од 10 милиони евра по сезона, но во договорот е вметната и откупна клазула во висина од 70 милиони евра, па поради тоа и Германецот сеуште не потпишал. Фудбалерот е свесен дека тоа е сепак голема сума која тешко некој би ја платил.
Од друга страна пак доколку прифати би заработувал одлично и би бил огромна ѕвезда во клубот, па во Гелзенкирхен се надеваат дека тоа се доволни аргументи за тој да ја прифати оваа понуда.