Баерн Минхен го победи ПСЖ и во реваншот од осминафиналето (2:0), па така со вкупни 3:0 ги елиминираше „светците“.
Амбициите на клубот од Париз беа далеку поголеми од во ПСЖ ќе останат уште да чекаат на Лигата шампионите, иако шеците потрошија и над милијарда евра за да го освојат ова натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Баерн, Томас Милер по натпреварот го „пецна“ Меси и порача дека „секогаш им оди добро“ против него. Германецот така потсети и на убедливите победи против Барселона во изминатите години кога Аргентинецот беше член на Каталонците.
„Против Меси секогаш ни оди одлично, Роналдо секогаш ни бил проблем додека играше за Реал. Но, од друга страна имам најголем респект кон настапот на Меси на Светското првенство. Таму играше неверојатно и беше лидер на целиот тим, во ПСЖ е поинаку. Тешко е да се постигне тимска рамнотежа“, изјави Милер.