Дома Фудбал Играше за Ливерпул и ПСЖ, беше капитен на 17 години, а сега објави крај на кариерата!

Играше за Ливерпул и ПСЖ, беше капитен на 17 години, а сега објави крај на кариерата!

Поранешниот дефанзивец на ПСЖ, Ливерпул и француската репрезентација Мамаду Сако (35) официјално ја објави својата пензија од фудбалот. Тој го соопшти ова на теренот на Паркот на принцовите пред почетокот на куп натпреварот помеѓу ПСЖ и Париз ФК, клуб каде што ја започна својата фудбалска кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Сакав да им се заблагодарам на сите. Сакав официјално да го објавам моето пензионирање. Ви благодарам Паркот на принцовите. Благодарам Париз ФК. Без Париз ФК, немаше да има ПСЖ за мене”, рече Сако.

Своето фудбалско патување го започна во Париз ФК, а на 12 години премина во ПСЖ. На Паркот на принцовите стана најмладиот капитен во историјата на Лига 1 на возраст од 17 години и 8 месеци, и го изгради своето име во тој клуб. По ПСЖ, премина во Ливерпул, играше и за Кристал Палас, Монпеље и грузискиот Торпедо. За француската репрезентација забележа 29 настапи и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…