Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, откако пропадна трансферот на Свен Ботман од Лил.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неколку имиња се поврзуваат со трансфер на „Сан Сиро“, но сепак најконкретен интерес „росонерите“ покажуваат за дефанзивецот на ПСЖ, Абду Диало.




25-годишниот Диало е дефанзивец, но може да игра и како лев бек, па токму поради тоа е прв избор на „росонерите“. Малдини веќе започнал преговори со ПСЖ, кој е спремен да го продаде, и за неговата слобода бара 20 милиони евра.




Милан ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори, а првата понуда е позајмица со право на откуп.
Диало пристигна во ПСЖ во 2019 година од Борусија Дортмунд за 32 милиони евра, а оваа сезона има 16 настапи за „светците“.