Раководството на Милан му понудил нов договор на голманот Џанлуиџи Донарума.
Преговорите помеѓу агентот на Донарума, Мино Раиолоа и Милан траат многу долго, а последната понуда која е пред италијанскиот голман изнесува осум милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие осум милиони се за два повеќе од сегашната плата која ја добива Донарума. Состанокот на Раиола со техничкјиот директор Паоло Малдини и спортскиот директор на клубот од „Сан Сиро“ ќе се одржи во наредните денови и тогаш ќе биде јасно дали Донарума ќе остане во Милан.
Неговиот договор со „росонерите“ важи до крајот на сезоната. Клубот силно сака да го заджи, но ќе видиме дали оваа сума му одоговара на младиот голман и агентот.
Во овој момент во Милан договорот на Донарума е приоритет.