Тренерот на Милан, Паоло Фонсека денес го состави тимот кој ќе биде регистриран за Лигата на шампиони, а во него немаше место за Лука Јовиќ.
Јовиќ после заминувањето на Жиру го доби дресот со легендарната „деветка“, но за него сепак немаше место бидејќи Фонсека мораше да се откаже од еден напаѓач.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Доверба од португалскиот стручњак добија Теми Абрахам, Самуел Чуквуезе, Рафаел Леао, Алваро Мората, Ноа Окафор и Кристијан Пулишиќ.
Ова ќе биде прв пат во историјата Милан во Лигата на шампиони да настапува без дресот со број 9.