Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијех и ова лето повторно ќе се обиде да го доведе на „Сан Сиро“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зијех беше прва желба на „росонерите“ минатото лето, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.
Меѓутоа, Тухел не смета на него и Зијех не добива голема минутажа, па ова лето сигурно ќе ја промени средината.
Италијанските медиуми информираат дека Мароканецот веќе постигнал договор со Милан и ги договорил личните услови за 4-годишна соработка.
Останува уште Милан и Челзи да ја договорат отштетата, а трансферот би требало да изнесува околу 20 милиони евра.