Милан донел одлука да го откупи Алесандро Флоренци на крајот на сезоната, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Флоренци пристигна минатото лето на позајмица од Рома и одлично се вклопи во тимот на „росонерите“.
Италијанецот е важен за тренерот Пиоли бидејќи може да игра на неколку позиции и одлично се вклопи во соблекувалната на тимот.
„Росонерите“ имаат опција да го откупат на крајот на сезоната за 4,5 милиони евра, а веќе донеле конечна одлука.
Милан ја известил Рома дека Флоренци ќе биде откупен на крајот на сезоната, а италијанскиот репрезентативец ќе потпише 3-годишен договор.