Дома Фудбал Останато Мејведер и Мекрегор ја најавија борбата на векот – Се е спремно за СПЕКТАКЛОТ!

Мејведер и Мекрегор ја најавија борбата на векот – Се е спремно за СПЕКТАКЛОТ!

Спремни ли сте за спектаклот кој ќе се одржи во недела наутро?

Светската боксерска федерација изработи специјален појас намент за победникот во борбата на векот помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор во Лас Вегас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на УФЦ Конор Мекгрегор ќе го доживее боскерското деби во недела наутро додека Мејведер ќе се обиде да стигне до 16 титулата во професионалната кариера. Појасот кој ќе го добие победникот во оваа борба е изработен од алигаторска кожа која пристигна од Италија и содржи 3.600 дијаманти, 600 сафири и содржи околу 24 килограми каратно златно.

Мејведер кој ја освојуваше титулата во пет различни категории беше некарактеристично пријателски настроен кон својот ривал.

„Конор Мекгрегор има страшна кариера. Тој е ѓаволски добар борец, човек кој останува на нозете, тежок противник. Ќе има крв, пот и солз, а прилично сум сигурен дека е добро подготвен за оваа борба. Се останува на нас двајца, ќе видиме кој има подобри вештини. Тој е најдобар во неговата, а јас во мојата категорија“, изјави Мејведер.

Од друга страна пак, Мекгрегор не се откажува од ветувањата дека ќе го нокаутира Мејведер во првата рунда.

„Задоволен сум од тоа како помина тренинг кампот. Се беше беспрекорно и благодарен сум на мојот тим за помошта која ми ја даде. Спремен сум за 12 рунди по три минути, но од самиот старт ќе тргнам со намера да го срушам уште во првата рунда. Спремен сум да се борам против секој кој ќе влезе во рингот, мислам дека Мејведер малку се прецени“, истакна Мекгрегор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Струга на три кола пред крајот се раздели со тренерот Дуро

Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на …