
Клубот од Бирмингем го договори со Челси едногодишното позајмување на аргентинскиот репрезентативец, кое вклучува обврзна откупна клаузула доколку бидат исполнети однапред дефинирани услови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дваесет и двегодишниот крилен напаѓач веќе го заврши лекарскиот преглед во Бирмингем, а со Астон Вила договори четиригодишен договор кој ќе стапи на сила кога трансферот ќе стане постојан.
Иако ниту еден клуб не ги објави деталите за клаузулата за обврзен откуп, се очекува дека таа ќе биде активирана доколку Гарначо одигра одреден број натпревари следната сезона.
Според информациите од Англија, во Челзи веруваат дека условите лесно ќе бидат исполнети и на крајот ќе инкасираат околу 43 милиони фунти, колку што ја процениле вредноста на играчот.
Гарначо заминува од Стамфорд Бриџ помалку од една година откако пристигна од Манчестер јунајтед за 40 милиони фунти.