Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург добро го „испоти“ Вардар во дербито во Автокоманда

Металург добро го „испоти“ Вардар во дербито во Автокоманда

Денес се одигра градското дерби во Автокоманда и може да се каже дека гледавме одлична пресметка.

Вардар беше фаворит, но дерби си е дерби, па Металург се покажа во супер издание добро ги „испоти“ црвено-црните. Домашниот состав не дозволи Вардар лесно да дојде до предност. Колку добро играа металурзите покажува и тоа што во 27. минута имаа 14:11.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Потоа следуваше една серија на Вардар од 1:6 и на стартот од второто полувреме имаше 15:16. Од тука почна да се решава натпреварот. Вардар успеа да поведе и со 19:23, а до крајот Металург успеа само во еден период да се доближи до 23:24.

На крајот Вардар го доби натпреварот со 27:31.

Фото: Денис Дуковски/ РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…